АКТО 6

Фестивал за современи уметности

AKTO6 THEME/WORK(NE) TRAVAILEZZ (JAMAIS)! / (NEVER) WORK! / PAБOTИ (НИKOГAШ)!

Претходните 5 изданија на фестивалот со темата се обидувавме да ја опфатиме врската помегу две тела и нивната релација со надворешниот свет. Брзина, поколенија, свадби се некои од темите коишто беа насочени кон внатрешниот личен став на авторите како мотивација/провокација за нивните дела. Некако преинтелектуално, а на моменти и неуметнички некои теми (како темата на АКTО 5 - Свадби) се обидуваа да одговорат и да постават прашања, повеке филозофски , отколку прагматични. Маногу често не бевме разбрани докрај и не постигнувавме се што сакавме да кажеме со темата, но од друга страна делата комуницираа емотивно со публиката па, тоа некако ја вадеше работата.

После завршениот 5 годишен циклус, од оваа година се одлучивме темата да биде диркетно поврзана со социјалниот контекст, да комуницира живо со контекстот, да провоцира нервира и запрашува... темата е директно инспирирана од графитот на Ги Дебор од 50-те години во Париз Ne travaillez jamais / РАБОТИ НИКОГАШ! Ние интервениравме малку во темата РАБОТИ (НИКОГАШ )! сакајќи одново да го преиспитаме односот кон работата во денешен контекст. Работите се сменија како и односот кон трудот, неговата материјална, но и интелектуана вредност. Конкретно во контекстот на Битола, идејата за работа има многу смисла, да не работиш е стил. Во Битола неработењето се пренесува фамилијарно од колено на колено, што е многу важно за авторите од страна коишто ке делуваат во овој контекст.

Филип Јовановски / Уметнички директор на фестивалот