- Визуелни уметници
-
Уметник: Беатрис Андре
Држава: Франција
Име на проектот: Percevez (Plus).
Опис: Кога идејата за работа ќе се изгуби, во секојдневниот живот веќе не постојат бариерите и тој не е регулиран според ниеден распоред. Тоа ги отвора очите и го менува нивниот поглед на околината и деталите... Percevez (plus) се состои од слики кои немаат намера да станат реалност или уникат, а проследени од рекреирани универзуми кога начинот на живот на авторката е воден само од љубопитноста. Концерти, граници, гласање. Или не правење ништо.
Биографија: Беатрис Андре е родена во Бретања, Франција.Таа е патник, новинар, фотограв. Се занимава со снимање на звуци. Студирала новинарство и јазици. Изложувала во Гренобл, Франција и Лисабон, Португалија. На АКТО 6 ќе се претстави со инсталацијата наречена Percevez (plus).
-
Уметник: Игор Тошевски
Држава: Македонија
Име на проектот: Талкање
Опис: Четворица пријатели решаваат да поминат уште една ноќ крстосувајќи ги градските улици. Како што автомобилот навлегува подлабоко во ноќта, четворицата пријатели откриваат дека тие всушност живеат во едно неуротично општество кое најверојатно е на раб на колапс. Пробуваат да ги експлицираат нивните погледи на распаѓачките остатоци од псевдо-демократското општество кое скапува со секоја минута. Сето ова ги доведува до уште понепријатен заклучок: самите нивни односи се исто толку корумпирани и се распаѓаат како и околината која ја критикуваат.
Биографија: Игор Тошевски дипломирал графика и графички техники во 1988 на Ликовната Академија во Хелсинки, Финска. Бил член на повеќе ликовни групи во 1980-тите, како Туш Лабораторија, У.С.Т.А и колективот ЗЕРО (1985 – 1990). Од преку 50тина самостојни и групни изложби, се одвојуваат Досие (1996), Совршена Рамнотежа (2000), Процес (2004) и Териториии (2004). Од 1990-тите, во неговата уметност преовладува конкретен ангажиран пристап кон општествено политички теми. На АКТО 6 се враќа со неговата видео инсталација наречена "Талкање или Приказни за небиднината".
-
Уметник: Група Автори
Држава: Македонија
Име на проектот: Авторски низ појавното
Опис: Освен ликовни уметници и историчари на уметноста учествуваат и автори од другите уметности и од области блиски на ликовната уметност. Проектноста се затвора со документирање (фото, видео и аудио) на престојот и случувањата на локацијата.Манифестацијата е биенална, а групата ја сочинуваат до десет учесници.
Биографија: АНП основачи се: Спасе Перовски, Станко Павлески, Небојша Вилиќ и Томе Аџиевски. Авторски низ појавното е дружење и уметничко дејствување во природа - концептуализирана Арт Котва / (Плац / Ливада) / Арт Бачило/до Авторски Појавно.
-
Уметник: Канал 103
Држава: Македонија
Име на проектот: 20 години слободни
Опис: Изложбата "20 години слободни" преку избор на фотографии, документи, артефакти и предмети надополнети со аудио-видео инсталација ја сублимира 20 годишната историја на култното скопско радио Канал 103.
Биографија: Кураторски тим; Игор Тошевски, Филип Јовановски, Давид Ангелевски, Ѓорѓи Јаневски.
-
Уметник: Јасна Димитровска, Драгана Заревска
Држава: Македонија
Име на проектот: Трудова забава, Леле метод, Симулакреденец/Плакрум
Опис: Labor party претставува буквално трудова забава, посветена на овогодинешната тема на АКТО.За време на отварањето на фестивалот, се снима сообраќајот на луѓе, а по завршувањето на фестивалот, видео-сигналот се претвора во полезен механички, за да се докаже реалната корист од истата.
The Lele Method "Леле" е еден од наупотребуваните зборови во Македонија. Испразнет од значење, зборот претставува само јазично засилување кога се изразува шок, изненадување, чудење, и слично. Луѓето најчесто го користат кога не разбираат како и зошто нешто се случило, и веднаш откако ќе биде изговорен, Леле на луѓето им помага да критикуваат било каков феномен конструктивно, и со висока доза на експертиза.Искуството завршува онаму каде што започнува јазичната артикулација, па така децата го имаат вистинското искуство се додека не почнат да ги артикулираат и дефинираат работите во рамки на јазикот. Џорџо Агамбен вели дека нам современите луѓе искуството повеќе не ни е достапно. "Леле" методот е обид да се дојде до искуство инстант и ефективно. Постоењето на овој научен метод е само симболично, затоа што сигурно можете и без него.Пробајте го. Ако не ви успее, вашиот безлибиден академизам ви се враќа автоматски во рок од неколку минути.
Симулакреденец (се среќава и под името плакрум), е нем сведок за постоењето на Жан Бодријар во Македонија уште од антички времиња. Овој објект, во една природна симбиоза со сфаќањата на овдешниот човек му помага на истиот да опстојува, работи, и симулира живеење во шкафот, без воопшто да мора да излегува од него.
-
Уметник: Неда Фирфова
Држава: Македонија
Име на проектот: Џем
Опис: Нејзиниот серијал Jam е рeзултат на делумна интервенција во вообичаени канцелариски процеси на работата со фотокопири и нивните рутински поправки. Врамените хартиени објекти се ready mades класифицирани во групи кои соодветствуваат на процесите по кои се произведени.Jam ги истражува утопистичките идеи за paperless office и paperless society актуелни во 60тите години, следствени на инвенцијата на првите компјутери а претходни на инвенцијата на првиот Xerox фотокопир.
Биографија: Неда Фирфова (родена во 1981 год. во Скопје) е уметник, графички дизајнер и дизајнерски истражувач. Дипломирала на Ликовната Академија во Скопје во 2005, а магистрирала на одделот за графички дизајн на Tama Art универзитетот во Токио. Во 2009 год. почнала да се занимава со нејзината дизајнерско-истражувачка работа на Jan van Eyck Academie во Макртихт, Холандија. Делото и истражувањата на Неда Фирфова е вградено во логиката на графичкиот дизајн и концептуалните процеси, додека тоа самото се активира во и надвор од традиционалните медиуми на графичкиот дизајн. Сугерирајќи поотворен пристап кон графичкиот дизајн, нејзината работа ги отвора вратите за интеграција на интервенциите на публиката и за соработките, додека пак понекогаш ги поддржува обратните едиторијални процеси. Овие експерименти допринесуваат за преиспитувањето на авторитетот за кој што графичките дизајнери се едуцирани да го наметнуваат исклучително на хартија.
-
Уметник: Анонимен
Држава: Република Чешка
Име на проектот: Подмукли процес
Опис: Подмукли Процес е интердисциплинарен проект кој што настана во јуни 2011год. на релацијата Прага - Скопје. На aеродромот во Прага на 27.06.2011 год. беше пронајдена папка на која пишуваше Plíživý Proces. Aвторот беше поканет да се претстави на АКТО 6. Инсистираше да остане анонимен, но испрати кратка биографија во која пишуваше: "Вунк на оригиналниот сопстевеник на кафеана Славија кај Народни Двладло. Според неговата сопруга, тој е мрзелив и премногу убав."
-
Уметник: Ѓорѓи Јаневски
Држава: Македонија
Име на проектот: Ако никој не свири
Опис:Документарниот филм „Ако никој не свири“ одблиску ги следи почетоците на скопската група Bernays Propaganda низ секојдневниот предизвик да се живее за музиката и е приказ на подземната историја на скопската рокенрол-сцена, на нејзиниот автентичен урбан сензибилитет и неисцрпна креативна енергија.
Сценарио и режија: Ѓорѓи Јаневски
Камера: Бранд Ферро
Продукција: Стотројка
АКО НИКОЈ НЕ СВИРИ е независна продукција на СТОТРОЈКА – во соработка со PETRA PAN FILM, HOUSE 57 и 3X.
-
Уметник: Маријана Вукиќ
Држава: Хрватска
Име на проектот: £ib€rta$
Опис: "Łib€rta$", е римејк на знамето на Република Дубровник, во кое зборот "слобода" e загаден со симболите на главните валути во светот. Модификацијата нé тера да се потсетиме на процесот на загуба на слободата во замена за материјална корист – процес кој е многу присутен во земјите во транзиција од комунистички во капиталистички систем, како што се Хрватска, целиот Балкански полуостров и општо источна Европа.
Биографија: Маријана Вукиќ е родена во Дубровник, Хрватска во 1979 год. Студирала на Академијата за ликовна уметност во Венеција. Има изложувано во Bevilawua La Mas Foundation (Венеција, Италија), Museum Madre (Наполи, Италија), Galerija Prsten (Загреб, Хрватска), Atelierfrankfurt (Франкфурт, Германија). Живее и работи во Загреб и Дубровник, Хрватска.
-
Уметник: Манкасола Базилико
Држава: Италија
Име на проектот: Рои Ли
Опис: "Бев пејач, добар пејач. Ги познавав сите во музичкиот свет на Италија, а моите плочи се продаваа добро во Америка. Настапував со Флојд Крејмер – неговото свирење пијано беше најдоброто во Нешвил, а јас на тоа го додавав мојот глас. Прашајте во музичките кругови дали знаат кој е Рој Ли и слушнете што имаат тие да кажат!" – Рој Ли. Го сретнавме на улиците во центарот на Милано и го слушнавме неговиот прекрасен глас додека пее и додека раскажува неверојатни приказни. После цели 35 години, тој се враќа на сцената (Тeatro Out-Off, Милано). Сам, со своите емоции и неговите блуз и кантри песни. Видеото е фрагмент кој со помош на сериозно набљудување, гестикулации и лирика, покажува живот на работ, енергија која не може да се контролира. Ова е портретот на Рој Ли од Mancassola Basilico.
Биографија: Mancassola Basilico се Барбара Черијани Базилико и Алесандро Манкасола. Живеат и работат во Милано. Почнале да работат заедно во 2005 год. за време на нивната специјализација на Академијата за ликовна уметност на Брера, Милано.Помеѓу другите, изложувале во Merz Foundation, Sandretto Re Rebaudengo Foundation во Турин, Bevilacqua La Masa Foundation во Венеција, Careof во Милано, Neon во Болоња, 26cc во Рим, Grand Union во Бирмингем и Националната Галерија во Тирана.
-
Уметник: Ања Пунтари
Држава: Финска
Име на проектот: XXX
Опис: Видеото ”Американски Идол - Деизи” е портрет што плаче врз позади- на од универзумот исполнет со ѕвезди. Во спектаклот на вашите 15 мин. слава за која било цена, секој ја добива шансата да ја изглуми улогоата на херој и жртва. 15те мин. на Дејзи се завршени пред да започнат, оставајќи само солзи јавно споделенисо милиони гледачи, кој се одсликуваат себеси во оваа бесконечна медиократност.
Биографија: Ања Пунтари е млад фински уметник. Нејзината работа е фокусира- на на луѓето и сликите, како и на врската помеѓу тие две. Како аудио-визуелен уметник кој често ја базира работата на веќе постоечки материјал, таа е заинтересирана за структурите на значе- њето кои се конструирани околу сликите (и звуците) и нивниот однос со околната култура. Многу нејзини дела настанале поради ваквото, еден вид на антрополошко истражување, колекциите кои ги содржат кодовите на местото од кое што потекнув делото. Полиедричната позадина на Ања Пунтари често ја присилувала да се справува со различните начини на изразување, како што е перформансот, видеото, фотографијата.
Истражувањето за своето дело за АКТО 6 го започнала со осврну- вање на клучниот збор "xxx", кој често се користи за пребарување и симнување на порнографски документи од интернет. Резултатот е секвенца од рамки со женски очи прикажани во забавена снимка. Рамките се извадени од порнографски филмови кои се класифици- рани под жанрот наречен Гонзо. Гонзо е техника која се користи за да го намали просторот помеѓу гледачите и актерите, во кој што камерманот или режисерот учествуваат во дејството на филмот. Исто така, тоа е начин на правење филмови кој е ефтин и адапти- билен за професионални и актери аматери. Во постпродукцискиот процес, Ања Пунтари ги нагласува женските очи и ги трансформира визуелните кодови на порнографијата.
-
Уметник: Гастон Рамирез Фелтрин
Држава: Мексико
Име на проектот: Те имам
Опис: Снимена од хеликоптер за време на една американска мисија во Ирак, оваа снимка беше широко распространета на интернет, но сепак цензурирана во САД од политички причини. Војниците пукаат од горе, убивајќи ги нивните беспомошни непријатели еден по еден. Со сурова иронија, музиката од видео играта Super Mario се вклопува во сцената на видео игра во реалноста – тежината со која Американците прават масакр. Како и во претходното видео, и овде има рефлексија на насилството и на фактот дека тоа може да биде практицирано со таква цинична одвоеност и дека тие драматични и крвави настани се претвораат во забава за корисниците на интернетот.
Биографија: Гастон Рамирез Фелтрин е роден на 03.10.1972 во Тепик, Мексико. Дипломирал визуелни уметности на универзитетот во Гвадалахара, а магистрирал на Факултетот за уметност и дизајн на IUAV универзитетот во Венеција, Италија во 2004. Во моментов живее и работи во Венеција, Италија. Интересите на Гастон се поделени на две сфери. Првата може да се дефинира како приватна, каде што тој ја истражува неговата состојба на културен хибрид и имигрант и како таа состојба влијае врз неговото секојдневно однесување, неговиот начин на поврзување со светот, како и неговите лични односи, со околината, но и со неговата културолошка позадина. Во втората сфера, која што може да се дефинира како јавна, тој се обидува да ги најде точките на пукање помеѓу сликите на колективната свест и перцепцијата на индивидуата, заедно со односите помеѓу колективната и личната историја. Исто така, тој ги истражува истакнатите односи помеѓу луѓето од различни општества и состојби. Особено е заинтересиран за поп културата, и Мексиканската и интернационалната.
-
Уметник: Рубен Гутиерез
Држава: Мексико
Име на проектот: Аларм
Опис: На АКТО 6 ќе се претстави со еден од неговите необични цртежи. Сликите реферираат на состојба на итност, на ситуации од општествен интерес или докази од моменти на голема несреќа. Alarma! ситото е направено според логото на Alarma!, мексикански таблоид кој на големо се фокусира на насилни злосторства. Содржината на магазинот, доминирана од бесплатна- та репортажа од местата на ужасните убиства, е растурена од огласи за агенции за осамени лица, хороскопи и секси слики на средишните страници. Ваквото рааспоредување е обеспокојувачко, но сепак и човечно на некој начин. Во овој бизарен, сензационали- зиран израз на оние што често се сметаат за двата најголеми мотиватори – сексот и смртта – тие имаат улога напотсетник дека без разлика на сé, животот продолжува понатаму.
Биографија: Од 1993 год. па наваму, Рубен ги изложувал неговите дела и кураторски проекти во Мексико, САД, Шпанија, Куба, Аргентина, Еквадор, Перу, Порторико, Холандија, Франција, Чешка, Кина, Јапонија, Индија и Иран. Тој е основачот на ObjectNotFound.org – независен, непрофитабилен простор чијашто мисија е да го промовира знаењето и почитувањето на современата уметност преку истражување, продукц- ија и изложување на интертекстуални предмети. Го претставувал Мексико на бројни фестивали и биеналиња, работел како куратор напроекти за Bronx River Art Center (Њу Јорк, САД), VAE10 Festival Internacional de Video/Arte/Electrónica (Лима, Перу), универзитетот Jawaharlal Nehru University (Њу Делхи, Индија) и на многу други. Добитник е и на бројни награди од различни фестивали за современа уметност.
-
Уметник: Progettozeropiu,
Држава: Италија
Име на проектот: Маса против моќ
Опис: Првиот проект за овогодинешното издание на АКТО Фестивалот е вистински фудбалски натпревар, одигран на паркинг простор во Битола. Два вистински фудбалски тимови кои се викаат Маса и Моќ ќе одиграат меч носејќи посебни "Маса" и "Моќ" дресови. Секој играч треба да носи различна дефиниција за масата и моќта (од социолошки аспект, научен физички аспект итн.). Кога Progettozero(+) беа куратори на овој фудбалски натпревар во Хрватска, тимот Маса победи со 2:1.
Биографија: Progettozero(+) е уметничка група од Венеција основана во 2001. Преку неколку проекти тие ги испитувале прашањата поврзани со јавните, социо- политичките и функционалните модалитети и со соработувањето со други луѓе, заедници и други уметници.
-
Уметник: Progettozeropiu
Држава: Италија
Име на проектот: Многу среќни луѓе
Опис: Нивниот проект Very Happy People со кој ќе се претстават на AKTO 6 е еден вид видео истражување за благосостојбата и среќата. Го обработува односот меѓу благосостојбата и среќата во богатиот италијански регион познат како Норд Ест. Во форма на документарец ова видео ги презентира измешаните интервјуа со интелектуалците и експертите со симболична нарација. Низ звуци и слики исцртува "места за душата", зборувајќи за човекот кој живее на таа територија.
-
Уметник: Детекст
Држава: САД
Име на проектот: Автопортрет
Опис: За овој проект, Detext создадоа серија од маици испечатени со доверливи огласи кои можат да се најдат на задните страни од весниците и веб страниза осамени лица. Заинтересирани за кодираниот јазик кој се користи за реферирање на сексот, маиците на Detext се извиткуваат околу експлицитниот јазик на личните огласи кои ги користат и ги постулираат во високо видлив контекст. Корумпирајќи ги режимите на работа на модата која го претставува идентитетот, овие маици го истакнуваат начинот на кој безмилосната логика на капиталот ја преовлада интимната сфера и ги дефинираат индивидуалците чисто преку сексуалните акти кои тие имаат желба да ги изведуваат, некогаш дури и по дисконтен попуст.
Автопортрет.
Возрасна и цицлеста докторка бара пастуви кои обожаваат големи гради и искусна жена. Бизнисменка 51год., сака да ужива со машки до 50 год. Нудам 150евра за секое задоволство.
Биографија: Detext е уметнички колектив формиран од Валентин Дучеа и Раул Мартинез, а работи во Њу Јорк и Берлин. Нивните дела биле изложувани во повеќе различни институции и биеналиња во Европа и во САД, вклучувајќи го и Greater New York на MoMA PS 1 и Apexart во Њу Јорк, St. Etienne биеналето, миланското триенале и International Roaming биеналето во Белград, Лондон и Техеран.
-
Уметник: Detext
Држава: USA
Име на проект: Vi4gra [SPAM]
Опис: Оваа аудио инсталација всушност се изродила од соработката помеѓу Detext и електро-панк бендот Mendetz, наречена Spam. Специфичното истражување на Spam се состои од копање во идеологијата и сексистичките реторики кои се наоѓаат во голем дел од денешната комерцијална музика. Со вкрстување помеѓу исечоците од Вилијам Бороус и варваризираниот еуротреш денсфлор хит, Spam јасно ги репродуцира женомразечките тропи и преценетата машкост, обилно изразени од страна на многу трубадури на модерното време. Како што кажува и самиот наслов, секој збор од песната е избран од џанк имејлови кои уметникот ги примил, особено од ненарачаните понуди за вијагра, пенисни продолжетоци и други хемиски чуда со помош на кои се станува "вистински мачо". http://www.vimeo.com/detext
-
Уметник: Никола Узуновски
Држава: Србија
Име на проект: Сакај ја иднината
Опис: “САКАЈ ЈА ИДНИНАТА” е банер, оглас, но не за предмет, ниту пак за услуга, туку за време. Време за кое е изгубена сета надеж. Се навраќа на идејата за подобра иднина и на можноста за инволвирање во процесот на остварување на соништата и реалнос- тите на еден човек.
Биографија: Никола Узуновски е роден во Земун, Белград, Србија во 1979 год. Во 2007 год. работи како интердисциплинарен уметник. Изложувал на повеќе од сто изложби низ целиот свет. Во 2005 год. учествува на 53-тото Biennale di Venezia, во проектот Floating Sites, а во 2007 год. ја освојува наградата Млад Европски Уметник. Почнува да работи на неговиот проект My Sunshine на Trieste Contemporanea кој го продолжува подоцна за време на престојот во Полинарија, Абруци во 2008 год. Понатаму го развива проектот за македонскиот павилјон на 53-тото Biennale di Venezia во 2009 год. Соло изложбите кои треба да се споменат се "Snow" и "My Sunshine" во Federico Luger галеријата во Милано. Големите групни изложби на кои учествувал и кои не смеат да се изостават се, "Greenwashing" во Fondazione Sandretto АВТОПОРТРЕТ / SELFPORTRAITE, Детекст / Detext Detext е уметнички колектив формиран од Валентин Дучеа и Раул Мартинез, а работи во Њу Јорк и Берлин. Нивните дела биле изложувани во повеќе различни институции и биеналиња во Европа и во САД, вклучувајќи го и Greater New York на MoMA PS 1 и Apexart во Њу Јорк, St. Etienne биеналето, миланското триенале и International Roaming биеналето во Белград, Лондон и Техеран. За овој проект, Detext создадоа серија од маици испечатени со доверливи огласи кои можат да се најдат на задните страни од весниците и веб страниза осамени лица. Заинтересирани за кодираниот јазик кој се користи за реферирање на сексот, маиците на Detext се извиткуваат околу експлицитниот јазик на личните огласи кои ги користат и ги постулираат во високо видлив контекст. Корумпирајќи ги режимите на работа на модата која го претставува идентитетот, овие маици го истакнуваат начинот на кој безмилосната логика на капиталот ја преовлада интимната сфера и ги дефинираат индивидуалците чисто преку сексуалните акти кои тие имаат желба да ги изведуваат, некогаш дури и по дисконтен попуст. Автопортрет. Возраста и цицлеста докторка бара пастуви кои обожаваат големи гради и искусна жена. Бизнисменка 51год., сака да ужива со машки до 50 год. Нудам 150евра за секое задоволство. Re Rebaudengo (Турин, Италија, 2008), "Green Platform" во Fondazione Strozzi (Фиренца, Италија, 2009), "Spaceship Earth во Centre of Contemporary Art Znaki Czasu (Торун, Полска, 2011).
Комбинирајќи агресивен концептуален јазик со интимни теми, Узуновски го провоцира гледачот и го претвора во неопходен, централен лик во неговите дела. Искуствата, желбите и сеќавањата на набљудувачот, стануваат фундаментален дел од неговите уметнички дела.
-
Уметник: Филип Јовановски
Држава: Македонија
Име на проект: Не зјапајте романтично!
Опис: Поставката преставува просторна реплика/репродукција на сликата Слобода на барикадите на Делакроа реферирајки на одново дефинирање на идеалот за слободата во денешен контекст. Идејата за реплика на историско дело е обид за поставување и реконтекстуалзирање(одново откривање) на значењето за правење на уметничко дело од една страна, а од друга потенцирајки ги локалните квалитети и создавање на автентичен етсетски израз (и ние имаме своја историја на уметност, и ние имаме своја слобода), со еден збор холограми треба да се прават во Јапонија, а во Македонија швајцувани железа.Но не во иронична смисла, него напротив во смисла на создавање на сопствен идентитет во смисла на тоа дека не постои чиста идеја, идејата мора да прозилегува од материјалните можности и квалитети на контекстот.Оттука се поставува и прашањето за доживувањето и претсаавувањето на уметничката форма во одреден контекст. Како одново да ги откриеме значењата и на konтекстот кој што ни е однапред даден но и на контекстот што треба да се редефинира? Оваа поставка создава нов контекст кој реферира пред се на Идеалот на слободата на Брехт(Не зјапајте романтично!, Тапани во Нокта) на идеалот на слободата низ историјата на уметност, а тоа е Слобода на барикадите на Делакроа, и на идеалот на слободата во социјален контекст, а тоа е аудио цитатот на говорот на Стево Жигон пред студентите во Беград 1968 година цитирајки го Робесјпер од Смртта на Дантон,Проектот претставува фрагмент/меморија за одноводоживување на идеалот за слободата, во денешен контекст. Одново преигурвање на историјата, имитирање и реферирање на симболот на револицијата со наши примитивн средства и со тоа освестување на самиот порив и можност таа слобода да се доживее, да се ослободиме и формално и содржински од значењата на контекстот и да создадеме сосптвени алатки во консктруирањето на личниот идентитет. Слободата е таква каква што е , а не така како што си ја замислуваме!!
Не зјапајте романтично!!
Биографија: Филип Јовановски (роден во Битола, Македонија) визуелен уметник. Завршил Архитектонски факултет во Скопје. Со неговата работа тој ја истражува границата помеѓу различни медиуми и нивна интердисциплинарна врска, дизајн, театар, видео , филм, инсталации. Основата на неговите дела е трансформација на значењето на просторот како есенцијален елемент во дефинирањето на архитектурата во сите нејзини различни начини на перцепција и доживување. Филип Јовановски е уметнички директор на фестивалот за современа уметност АКТО во Битола. Учествувал на повеќе театарски фестивали, видео фестивали, и филмски фестивали во Европа, Јапонија, Америка, Србија, Словенија и Хрватска. Работел како организатор и куратор на неколку групни регонални изложби во склоп на АКТО фестивалот за современа уметност (2006-2009), креативни кампањи (АВА ДДБ 2008-2009), до сега направил околу 30-тина графички решенија, 20 сценографии за театарски претстави, 10 видео дела, кратки и документарни филмови. и неколку групни Ии самсотојни изложби како Биеннале на млади уметици во Музеј на современата уметност во Скопје,на тема иднетитети, изложбата Книга уметнички објект во музеј 25 мај Белград, 2009 година, Саем на електронски уметности, Музеј на современа уметност Скопје 2010, Фестивалот Перфроације Загреб 2010, Синхронизрани градови Мала станица, Скопје 2010 И др. И самостојната излзожб Одлука, Дом на култура Битола 2010. Од 2008 -2010 година работи како надворешен соработник асистент на Европски факултет во Скопје, на катедрата за арт и дизајн, на предметите, визуелни комуникации, дизајн на книга , дизајн на плакат И амбалажа, графички дизајн. Добитник е на неколку награди за дизајн, сценографија и видео.
-
Уметник: Волтер Стеинашер
Држава: Австрија
Име на проект: Југосталгија
Биографија: Валтер Штајнахер е роден во Салзбург, Австрија. Студирал со Гунтер Дамиш, Урсула Хибнер и Андреј Даниел и дипломирал во 2003 год. Во моментов живее и работи во Австрија и Словенија.Валтер Штајнахер почнал да изложува и изведува во 1997 год. Меѓу неговите најнови дела е пуштањето на FCKU FSHN, панк мода (Њу Јорк, Берлин, Виена) во 2011. Оваа година исто така, после турнејата во Њу Јорк и Љубљана, тој го носи своето исклучително дело Yugostalgia на АКТО Фестивалот за современа уметност во Битола.
Опис:Yugostalgia е серија од портрети на поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито. Тоа се рефлектира врз утопијата на социјалистичката Еденска градина. Неолибералната економија ја создава потребата од убавите спомени и илузии во поранешните југословенски земји. Отворањето на серијата е театарски/перформативен општествен настан, полн со изненадувања...
-
- Перформанси
-
Уметник: Колаборативен перформативен проект на Ворен Најдик со Факултетот за ликовни уметности, Скопје.
Држава: САД
Име на проектот: Во "јас"
Опис: Перформансите всушност претставуваат еден вид impromptu дијалози што се изведуваат како театар на сенки. Учесниците кои претходно ја избрале улогата на уметник или куратор, инсценираат различни импровизирани ситуации кои се случуваат во контекст на уметничката сцена при концептуализирањето, договарањето и реализирањето на изложби. Овој колаборативен перформативен проект на АКТО 6 го донесуваат Сузана Милевска, Дарко Алексовски, Симона Манчева, Филип Ризов, Катерина Соколова, Ивана Спироска, Слободанка Стевчевска.
Биографија: Ворен Најдик е американски уметник и уличен филозоф кој живее и работи поместувајќи се низ прашањето како историјата на уметноста да биде прочитана како продукт на мутирачките состојби на културата, кои што самата уметничка продукција ги елаборира и како, овие претстојни промени во културолошки контекст, ги обликуваат материјалните и нематеријалните состојб на Мозокот и Умот. До сега изложувал во Whitney Museum of American Art, PS 1 MOMA, LACMA, Museum Ludwig, Koln, ICA-London итн. Добитник е на на Vilem Flusser Theory Award 2010, The Fulbright Specialist Program и Macdowel Foundation Fellowship, 2010. Како дел од Фулбрајтовата програма, Ворен Најдик заедно со Факултетот за ликовни уметности во 2011 година го создаде проектот наречен In the Mind's I / Во "јас" на Умот.
-
Уметник: Атанас Ботев
Држава: Македонија
Име на проект: Уметникот 2-кафе и цигари
Опис: Интерактивен перформанс во којшто уметникот ја кани pубликата да му sе придружи на кафе муабет имајќи можност да се информира за се она што ја интересира во врска со неговото творештво. На тој начин се демистифицира фамата околу арт-елитизмот и се премостува јазот помеѓу уметникот и публиката. Проектот е воедно и ироничен коментар за локалниот, актуелен закон против пушење. Имено, перформансот се одвива во импровизирана соба којашто симболизира затворен простор во којшто пушењето е со закон забрането.
-
Уметник: Петра Ковачиќ
Држава: Хрватска
Име на проектот: Act(ing)
Опис: Act(ing) е театарско-ликовна инсталација од перспективата на галерија и ликовно-театарски перформанс од перспективата на театарот. Низ симболиен приказ на настанокот на едно ликовно дело, изведбата го обработува прашањето на односот спрема уметничкото дело и делувањето, а авторката го отвора прашањето на угледот на уметникот и неговата (апсурдна) положба во општеството.
Биографија: Петра Ковачич е млада визуелна уметница и изведувач од Хрватска. Студирала пластична уметност на Академијата за ликовни уметности во Загреб. Таа одржала или учествувала на повеќе од 30 изложби, перформанси или работилници за современи уметности. Перформансот Act(ing) беше изведен на првиот Perforacije фестивал во 2009 и презентиран на Perforations Festival во La MaMa, New York во 2011. Сега овој нејзин перформанс ќе го најде своето место и во официјалната програма на АКТО Фестивалот.
-
Уметник: Власта Делимар
Држава: Хрватска
Име на проектот: Cycle: Erszebet bathory.
Биографија: Власта Делимар се појави на уметничката сцена во доцните седумдесетти години од минатиот век. Нејзините работа воглавно вклучува перформанси и фотографии, како и инсталации и видеа. Уметничките корени на Власта Делимар се враќаат наназад до уметничката група Grupa Šestorice Autora (Група од Шест Автори). Нејзините дела кои се издвојуваат со телесност и еротизам, директност и искреност, провокативност и конфронтација, реализам и виталност, до сега била и изложувана на голем број соло и групни изложби.
Опис: Перформансот со кој ќе учествува на АКТО 6 ја обработува историската личност Erszebet Bathory, позната како првата вампирка. Низ визијата на авторката, таа е силна ликовна единица, боја, емоција, естетика, желба и сензација, па дури и сугестија. Таа е поезија за тешкотиите на една несигурна личност која бара спас само во надворешната убавина на белата и мазна кожа.
-
Уметник: Игор Јосифов
Држава: Македонија
Име на проектот: Врзан, не врзан
Опис: "Врзан не врзан" е перформанс инсталација, каде што се истражува односот помеѓу уметникот и гледачоти со кој Игор Јосифов учествува на АКТО Фестивалот оваа година. Овој перформанс ја истражува можноста за визуелната репрезентација на "не се прави ништо" ситуација и сооднос помеѓу телото и умот проектиран како скулптурални слики на прикажување за гледачот.
Биографија: Игор Јосифов е роден во Кавадарци, 1986 год. а во моментов живее на релација Сан Франциско – Њу Јорк.Познат е познат по р азновид- носта во неговите многубројни дела и по начинот на кој го користи човековото тело за да ги сподели неговите видувања и пораки за современиот свет во кој живееме. Во 2000 година, ја направи својата прва групна изложба во Меѓународниот Музеј на Уметност во Норвешка, а во 2007 год. ја одржа и првата самостојна изложба под наслов „Уметност – Во потрага по личното јас“ во Сан Франциско.ја одржа и првата самостојна изложба под наслов „Уметност – Во потрага по личното јас“ во Сан Франциско. Во 2010 година тој учествувал на изложбата на Марина Абрамовиќ под наслов „Уметникот е присутен“ во МоМА во Њу Јорк.
-
Уметник: Зоран Поповски
Држава: Македонија
Име на проектот: Портрет на уметникот како културен работник
Опис: Конципиран како перформативен триптих (Теза, Сладок филм, Херој на работничката класа) посветен на промените во природата на нематеријалниот уметнички труд како парадигматски во постфордистичката економија. Истовремено, проектот претставува сумирање на неколкугодишна уметничка пракса на авторот фокусирана речиси исклучиво врз јавниот простор како место за претставување и дискурзивно делување.
Биографија: Зоран Попоски е трансдисциплинарен уметник и теоретичар, со над 50 меѓународни изложби во САД, Франција, Германија, Австрија, Италија, Турција, Порторико, Куба, итн. Автор е на книгата теориски есеи за уметноста во нови медиуми, „Простори на моќта“. Во своите перформанси, видеа и дигитални принтови, Попоски истражува теми поврзани со лиминалноста, идентитетот и јавниот простор.Оваа година на АКТО 6 ќе го реазлизира својот неколку часовен перформанс наречен Портрет на уметникот како културен работник.
-
Уметник: Викторија Илиоска
Држава: Македонија
Име на проектот: Те гледам
Опис: "Те гледам" е перформанс за чувството дека постојано сте набљудуван. Како се чувствувате кога сте под надзор и кога некој ве надгледува? Изведувачите ве ставаат во непријата ситуација. Од вас зависи колку ќе дозволите тоа да влијае на вас.
Биографија: Викторија Илиоска е млада македонска танчерка и изведувачка. Таа е родена во Прилеп, но живее и работи во Скопје и Прилеп. Беше дел од танцовата академија Номад во 2010 год. каде што го создаде нејзиниот прв авторски проект "Те гледам!". Во 2010 год. таа се запиша на Факултетот за балетска педагогија во Скопје, Македонија на отсекот современ танц. На академијата Номад таа беше избрана да се претстави со овој перформанс во Њу Јорк во 2011 год.
-
Уметник: Немања Цвијановиќ
Држава: Хрватска
Име на проектот: Аплауз!
Опис: Неговиот проект за АКТО 6, "Аплауз!" е веб стриминг и документ на фиктивна манифестација (демонстрација) исценирана во форма на филмски сет – со статисти платени да протестираат на плоштад. Банерите ќе прикажуваат различни реални слогани кои го осудуваат нео-либералното капиталистичко општество кое ја освојува планетата преку империјализам и непрестајни војни што носат сиромаштија и глад за најголемиот дел од експлоатираната популација. Овој проект има за цел да допре до аномалиите на општествените односи и граѓанските права и должности, преку преиспитување на транзициското општество, користејќи метод на директна комуникација со граѓаните преку акционен медиум (манифестација) и индиректно, преку мрежа од веб страни со стриминг за настанот и конечно, преку презентирање надокумент (видео) на голем екран. Есенцијалната компонента на овој проект всушност контекстот на ова "шоу" – сместување на акцијата на главниот градски плоштад. Многу европски земји немале ни една слична значителна манифестација против доминантната политика на дивиот неолиберален капитализам. Контекстот и содржината на протестот се реални, но демонстраторите (одбрани од најзагрозените општествени сегменти), се платени да ја "играат улогата" на граѓани со општествена должност. Апсурдноста на ситуацијата на ова "шоу" е интерпретацијата на состојбата на политичка парализа на глобалното општество во однос на диктаторството на капиталната економија. Разновидноста и компартменализацијата на борбениот фронт (на отпорот) и множеството од движења (движење на движењата) укажуваат на потешкотиите во фокусирање на непријателот (империјата) кој користи метод на залудување (маркетинг) преку раслојување на нападот врз сé што е социјално или барем така изгледа.
Биографија: Немања Цвијановиќ е роден во 1972 год. во Ријека, а дипломирал на Accademia di Belle Arti во Венеција и потоа на Facolta di Arte e Design во Венеција магистрирал. Живее и работи во Ријека и Венеција. Во неговите дела тој воспоставува контакт со настаните од блиската историја (Антифашистичката борба, револуционерните движења во Третиот свет). Тој го доведува гледачот во интригантен однос со сеќавањето, промените во вредносниотсистем, пропагандата, политиката, конзумеризмот и масовните медиуми. Работата на овој уметник концептуално ги истражува социјалистичките истории и постојано ја преиспитува врската помеѓу економијата и политиката, понекогаш и до тој степен што го цензурираат. Уметникот изјавува дека дефинитивно комуникацијата е неговото единствено оружје и дека без сомнение таа е уметност во чиста форма. Неговата цел е да го зачува цензурираното или заборавено минато преку естетиката на современите и историските стилови.
-
Уметник: Иван Мудов
Држава: Бугарија
Име на проектот: Предност
Опис “Приоритет” е организиран настан каде што компактна група од седум автомобили го парализираат сообраќајот додека стојат на патот на возилата кои доаѓаат од споредните улици. Така се формираат колони во сите правци и на растојание од неколку километри. Покрај просторните композиции, Иван Мудов манипулира со времето со помош на несомнителни играчи. Во сообраќајниот шпиц кога секоја изгубена секунда предизвикува драматично чувство на загуба, уметникот создава непрекинати серии кои навидум сугерираат дека поединечната секунда е неважна во матицата на глобалното време. Сликата од стотици возила која моќта на волјата на уметникот ја "уловува" е композиција со глобални импликации. Тој ги прекршува сообраќајните правила со користење на истите тие правила формулирани за да го спречат хаосот.
Биографија: Иван Мудов е роден 1975 година во Софија, Бугарија тој е еден од најинтересните млади уметници кои работат во Бугарија во моментов. Кога го заврши своето образование во 2002, тој веќе беше еден од најзабележителните уметници на својата генерација кој постојано внесува нови теми и идеи во современата бугарска уметност. Неговите главни интереси, изразени воглавно преку видеа и фотографии, се кријат во идејата за инвазија на уметноста и нејзино вклучување во многу помоќни и супериорни социјални и културни структури и пракси, како што се телевизијата, маркетингот, сообраќајните средства, па дури и сообраќајните правила.
Во 2007 ја претставува бугарија на Венециското Биенале, исто така во 2004 изложува на Цетинското Биенале и во 2005 година на Московското Биенале.
-
- Музика
-
Уметник: Handsome Furs
Држава: Канада
Веб-сајт: http://handsomefurs.com
Инфо: Handsome Furs не е бенд кој пренесува порака и не е бенд кој е политички, но Handsome Furs е бенд кој пренесува порака ие политички бенд. Handsome Furs се комбинација на ладни, метрономски, електронски, ритмови сопственост на Алексеј Пери со острите, нехармонични и кревки, прекршени гитари на нејзиниот сопруг Ден Бекнер (гитарист и пејач на Wolf Parade).
Нивното дело е портет на она што се нарекува човечко суштество на дното од XXI век. Нивната музика ја истакнува конфузијата која ја чуствуваш кога твоите најдобри пријатели комуницираат со тебе преку серија од нули и единици кои проаѓаат низ мрежни кабли, истата таа конфузија која ја чуствуваш кога со силна желба и возбуда гледаш својот омилен бенд како си ја отвара душата на сцена преку видео на твојот мобилен телефон, длабоката и горка фрустрација предизвикана од твојата врска на далечина во утро на алкохолизирано изгрејсонце кога признаваш работи кои никогаш инаку не би ги признал, твоето чувство на нееднаковост помешано со омнипотентноста на модерната технологија која гарантира се. Ти си таму, но сепак и не си. Исто како што сите сме и не сме.
Препуштени сте на тактички и моќно програмирани ритмови испрекинати од топлите, одѕунувачки тонови на жици кои вибрираат на дрво, удрени доволно силно за да разнесат облакодери. Над се, совршено несовршен глас кој извикува пејсажи, мапи на заборавени континенти полни со историја, возбудувачка комбинација која прави се за да се почуствуваш повторно жив, со широко отворени очи каков штo и треба да бидеш секој утро.
Handsome Furs досега имаат издадено 3 албума: Plague Park (2007), Face Control (2009) и Sound Capital (2011) за култната Sub Pop етикета.
-
Уметник: Марко Милосављевиќ
Држава: Србија
Веб-сајт: http://www.myspace.com/markomilosavljevic
Инфо: Марко Милосављевич го имаше своето прво сериозно диџејско искуство на шеснаесетгодишна возраст и откако тоа помина одлично, доби покана да настапува на голем настан, каде што го запозна Марко Настич. Настич имаше и сеуште има големо влијание врз Милосављевич, но исто така заедно со Дејан Миличевич се и блиски пријатели, соработници и голема поддршка за него.
Фанатичната посветеност на Марко кон музиката и совршената количина на храброст која тој ја поседува се двете карактеристики кои го издвојуваат од другите диџеи. Исто така, тој постојано експериментира со различни форми на музика.
Беше резидент диџеј во секој клуб во Белград кој нешто значи, настапуваше насекаде низ земјата како ѕвезда на вечерта, како конастапувач со други етаблирани српски диџеи и со речиси секој релевантен странски гостин. Публиката му аплаудираше на Dance Arena-та на EXIT фестивалот многу години по ред, вклучувајќи го и EXIT 2011, каде ја затвори официјалната фестивалска програма заедно со Марко Настич и Дејан Миличевич. Настапуваше рамо до рамо со своите идоли на Dis-patch фестивалот, како и на многу други големи настани како Summer Gathering, Ovo Je Moj Grad, Beerfest, Lake Summer Festival и уште многу други. Учествуваше на отворањето на младинските Олимписки Игри во белградската арена во 2007, а имаше и специјален перформанс со Националниот оркестар. Од 2006 година па наваму, Марко Милосављевич успешно настапува надвор од српските граници, а воедно и стана едно од најрелевантните српски и балкански диџејски имиња.
Еден од многуте проекти работени заедно со Марко Настич е Space Explorers. Под тоа име имаа неколку објави во 2006 год. за два холандски лејбла. Милосављевич подоцна ја фокусираше својата работа на домашни издавачки куќи.
Тој управува со лејблот Recon Warriors и двата под-лејбла Recon Light и Traffica. Работи во Studio Bordel заедно со Марко Настич и Дејан Миличевич со кои што исто така заедно имаат радио емисија во петок навечер на B92 радио.
-
Уметник: ТБ Трачери
Држава: Македонија
Веб-сајт: http://www.facebook.com/pages/Tb-Traceri/110708182281945
Инфо: Бендот ТБ Трачери со години наназад е најискрениот и највозбудливиот рок производ од Македонија. Постојат повеќе од 10 години, а нивниот деби албум ("Клати и тркалај") го реализираа во 2001 год. Со објавувањето на албумот "Купи ме" ги освоија срцата на сите вљубеници во едноставен, позитивен, инспирирачки и со хумор исполнет рок. Наскоро излегува и нивниот најнов албум "Кинки во нервозна џунгла".
-
Уметник: XAXAXA
Држава: Македонија
Веб-сајт: http://junkcola.blogspot.com/
Инфо: ХАХАХА довикуваат од Скопје и се состојат од тројцата машки членови на Bernays Propaganda. Нивниот деби албум "Танго Револуционер" содржи десет брзи, мелодични песни кои ја растресуваат утробата на слушателот, во манирот на Hüsker Dü, Dag Nasty и Rites of Spring – одличен ретро флешбек во осумдесетите, но сепак со свеж звук кој носи слична порака. Острите текстови се испеани на македонски јазик, но сепак искреноста во изразувањето која преовладува во песните ги приближува до слушателот без разлика од каде доаѓа.
Затворете ги очите, потопете се во звукот и дозволете ХАХАХА да ве води. Така сигурно ќе разберете што имаат да ви кажат. А фантастичната музика од позадината може само да ви помогне во тоа!
-
Уметник: Паркети
Држава: Македонија
Веб-сајт: http://www.myspace.com/parketi
Инфо: Неколку месеци пред прогласувањето на независноста на македонската држава на плоштадот во Скопје, во една визба во Битола се создадоа Паркети. Со 20 години постоење ги издале албумите: "Грижа на совеста", "No Tinkation", "Газирана хармонија", "Тајната на името" и "Мамо не му кажвај на тато". Рокенролот како начин на живот е нивната главна одлика. Препознатливи по своите настапи, панк-рокери со посебен шарм кои како никој до сега успеале да ја популаризираат авнгардата. Тие се битолската рокенрол гордост кои за цело време на нивното постоење се наоѓаат на врвот на македонската алтернативна сцена.
-
Уметник: Goran Tech
Држава: Македонија
Веб-сајт http://www.myspace.com/gorantech
Инфо: Страста за хаус, техно и прогресив хаус изигра голема улога во животот на Горан, додека пак присуствувањето на најдобрите журки во државата уште на седумнаесетгодишна возраст изврши огромно влијание врз неговата музика. Во моментов може да се види како настапува во речиси сите клубови и фестивали низ Македонија. До сега има настапувано со секој диџеј од државава и Балканот, но и со некои големи имиња од странство како Paco Osuna, Jon Silva, Manuel Tur, Rui Da Silva, Add2Basket, Sandy Rivera, David Morales, Chris Lake, Alexander Robotnick, Kiko и уште многу други. Goran Tech е еден од најталентираните млади диџеи и продуценти. Во неговите тех-хаус, техно и електро перформанси секогаш може да се пронајде некој свеж и нов звук. Тој се пробива на сцената на голема врата.
-
Уметник: K. Petrovsky
Држава: Македонија
Веб-сајт: http://www.myspace.com/djpetroboy
Инфо: Кристијан Петровски, познат под името K.Petrovsky, е роден во Битола. Првиот професионален контакт со музиката му се случи кога имаше само 15 години, посетувaјќи многу различни музички настани во неговиот град. Неговите почетоци беа поврзани со настапување како резидент диџеј во помали битолски клубови. Подоцна, се натпреваруваше на вториот диџејски натпревар во кафе-барот “FX”, под организационата капа на букинг агенцијата Fresh Union од Битола и освојувајќи го второто место, стана дел од истата. Тој е млад, талентиран диџеј и неговата кариера допрва ќе го извлекува најдоброто од него. Слушајте и понатаму.
-
Уметник: Kanal103 DJs
Држава: Macedonia
Веб-сајт: http://kanal103.com.mk/
Инфо: Канал 103 почна да зрачи на 1- ви мај 1991 година. Надвор од државните регулативи и концесии, физички сместена во Македонската Радио Tелевизија, Стотројка прерасна во културно движење на јавен медиум чија концепција е да промовира музички вредности, прогресивна уметност и слободна мисла.
-
Уметник: Millko
Држава: Македонија
Веб-сајт: http://www.myspace.com/millkoband
Инфо: Мillko е роден во есента 2006 год. во темни и многу валкани подземни простории во едно скопско предградие. Овој бенд е производ на заедничка идеја која се изродила од имагинацијата и потребата за музичко изразување на индивиуалните скриени, интимни емоции. Две третини од бендот се всушност две одделни парчиња од ткивото наречено Nicotine, кои го продолжиле својот музички пат со Millko – логичното и легитимно наследство на Nicotine. Millko е нивното привремено засолниште, начин на живот и начин на соочување со реалноста. Кога ги прашуваат за нивното музичко изразување, Millko велат "Може ли некој да дефинира нешто што претставува сублимат од емоции, животно искуство, влијанија и настани трансформирани во музички формат? Може ли некој со зборови да искаже, а уште помалку, да дефинира нешто што е толку прекрасно?"
Во март 2008 год. го издадоа своето прво EP "Don't let them win" за PMG Recordings. EP-то се состои од 5 песни снимени и продуцирани од Димитар Петров. Millko настапувале во повеќе клубови во Скопје, на фестивалот Positive Vibrations 2 во МКЦ – Скопје и на PMG Recordings Festival во Скопје.
-
Уметник: Молокаи
Држава: Македонија
Веб-сајт: нема
Инфо: Молокаи се сурф-панк бенд од Битла кој настанал под влијание на полската Malca, Slacktone, Man or astro man и Snow bros. Во моментов подготвуваат свое EP кое би требало да биде објавено во текот на август.
-
Уметник: Saso Recyd
Држава: Македонија
Веб-сајт: http://soundcloud.com/sasorecyd
Инфо: Saso Recyd успеа да го развие својот модерен и карактеристичен звук во негов сопствен печат со траги од меланхолија и мистичност, што дојде рамо до рамо со феноменален успех.
Динамичниот, урбан звук кој создава посебни вибрации, гради мост врз генерациските празнини, преку неговото несовладливо, сензационално и во голема мера имагинативно, но сепак прекрасно и едноставно миксање.
Задолжителни за споменување се изданијата Julija, 4 Notes и едитот Flash од Green Velvet, како и Your music is bad – траката која се појави на "Don't be left out” компилацијата под алијасот Recyd. Многу негови едити единствено можат да се слушнат во неговите сетови, a ги имаат само одреден број на диџеи.
Пред скоро неговиот ремикс за Ambivalent – Jackson се најде на престижниот лејбл Plus8, a vо септември ке се појави неговото најново EP – Pilot за Rawthentic Music.
Оживувачката свежина и моќната софистикација која што ја носи неговиот звук, го прави Saso Recyd еден од неколкуте уникатни артисти кој го раздвижува подиумот со релативна леснотија преку електро, минимал и тех хаус брановите.
-
Уметник: Sound Pollution
Држава: Македонија
Веб-сајт: http://www.myspace.com/soundpollutionandcoupleoflesbians
Инфо: Како што излегоа од станбените згради, видоа дека можеа да се движат само по еднонасочни улици и да завршат во ќор-сокаци. Сфатија дека гласноста надвор беше од чадливите автомобили и градежната машинерија. Не го сакаа тоа. Воопшто. Журката во нивните глави одлучија да ја изживеат преку нивните дисторзирани собировки. Бандата виде дека не мора да го трпат бучниот смрдлив наречи-го-град, кога може да си имаат свој музички модифицирана спознаја за светот. Вриштечките мачиња од гитарските појачала беа нивните ангелски хорови. Лизгачките басови и демолерските бубњеви правеа тектонии кои ја релјефираа совршената планета. Сега се знае кој смее да прави бучава
-
Уметник: Стојче Цветановски
Држава: Македонија
Веб-сајт: http://www.myspace.com/djdanny_l
Инфо: Стојче Цветановски e еден од најдобрите амбасадори на македонската електронска музика во светски рамки. Со неговите изданија за етикетите како Dogmatik, Liebe*Detail, Gluckskind Schallplatten, и Аrgumento, Стојче успечно се етаблираше на андегроунд денс сцената како едно од најсвежите имиња. Неговиоте траки се редовни алатки во сетовите на низа светски имиња, и голем број на издавачки куќи го препознаа неговиот талент и го свртеа вниманието кон Стојче, продуцент и диџеј којшто во времето кое доаѓа има уште многу што да покаже. Успешната афирмација со неговите изданија му донесе многу настапи на разни фестивали и клубови ширум Европа. Лондон, Дортмунд, Цирих, Ибица, Солун, Белград, Егзит (Нови Сад) се само дел од местата кадешто публиката имала прилика да се увери во неговиот безкомпромисен стил. Неговите сетови се фузија на најразлични форми на андегроунд хаус и техно.
-